Нов режим на сообраќај на автопатот Велес – Скопје
Нов режим на сообраќај на клучките Петровец и Катланово, од денеска напладне, воведе ЈП за државни патишта.
Според известувањето на АМСМ новиот режим на сообраќај на клучка Петровец ќе се реализира така што исклучувањето и приклучување на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Скопје – Велес, ќе се врши пред наплатна станица Петровец додека исклучувањето и приклучувањето на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Велес – Скопје, ќе се врши после наплатна станица Петровец.
На клучка Катланово исклучувањето од автопатот А1 кон Катланово, на патниот правец Скопје – Велес, ќе се врши по постоечкиот крак за исклучување. Приклучувањето на автопатот А1 од Катланово кон Велес се забранува, односно се затвара кракот за приклучување на автопатот А1, во правец кон Велес.
Исклучувањето од автопатот А1, од Велес кон Катланово, на патниот правец Велес – Скопје, се забранува, односно се затвара кракот за Катланово. Приклучувањето кон автопатот А1, од Катланово кон Скопје, ќе се врши по постоечкиот крак за приклучување.