Во наредните три дена летни температури во Македонија
Објавено на 4 мај, 2015 во 08:37
До четврток земјата ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ која ќе услови сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.
Во вторник и среда дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината и во поголем дел од земјава ќе го надмине 30-от степен Целзиусов, а УВ индексот ќе биде 7.
Во четврток преку денот се очекува појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник времето ќе биде сончево и топло умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Температурите низ Македонија ќе се движат од 19 до 30 степени Целзиусови.