Жена паднала од Кокино и се здобила со тешки повреди
Објавено на 5 мај, 2015 во 10:10
Жена на возраст од околу 40 години при посета на Опсерваторија – Кокино во текот на вчерашниот ден поради невнимание паднала од стрмниот терен, и се здобила со тешки телесни повреди.
Интервенирала екипа на Брза помош во 10:30 часот, каде дежурната екипа укажала прва помош на жената. Таа веднаш била префрлена на Одделението за хирургија во Општа Болница – Куманово, а потоа по укажаната лекарска помош била префрлена во Ургентен центар – Скопје.