Нема казни но, ќе има отпуштање на наставници
Наставниците кои три години по ред ќе имаат најголеми одстапки во оценките од екстерното оценување ќе добијат отказ. Повлекувањето на паричните казни сепак не значи дека нема да има механизам за контрола на квалитетот на трудот на овој кадар, потврди министерот Адеми, јави Телма.
Наставничкиот пленум кој и претходно предупредуваше на негативните последици од набрзина донесените измени на законот за основно и средно образование тврди дека оваа казна е многу пострашна од паричната. Во решенијата за наградување и казнување препознаваат реваншизам за протестите на наставниците.
СОНК неодамна ја отфрли можноста да се даваат откази по основ на резултатите од екстерното тестирање. За ова прашање претседателот Неделков најави преговори во текот на летото.Од септември повторно ќе се прави детална анализа за концептот на државната матура и дали математиката од година ќе биде задолжителен предмет.