Закон за азил на Владина седница, се чека потписот на Груевски
Законските измени за азил денес ќе се најдат на дневен ред на Владината седница. Овој закон предлага сите мигранти во рок од 72 часа да донесат одлука дали ќе побараат азил во земјава или ќе одлучат да ја напуштат, јавува Фактор.
Се зависи од потписот на премиерот Груевски дали ќе стави потпис со дознака итно, или тие измени ќе му бидат доставени на парламентот следниот ден за да се процесуира во редовна постапка.
Во Законот уште стои дека мигрантите не смеат да се возат во јавен превоз, автобуси или возови, а пругите по кои се движат однесоа многу животи со што го понесоа епитетот како небезбедни.
Многу мигранти кои паднаа во раце на полицијата завршуваат во прифатните центри во кои условите се катастрофални според пишувањата на могу медиуми и според фотографиите кои излегоа во јавноста а поради кои надлежните добија многу критики.
Податоците велат дека низ Македонија секојдневно транзитираат околу 3000 илјади мигранти.
Цивил бара од надлежните институции веднаш да се преземат мерки за заштита на имигрантите. По околу 200 имигранти секојдневно поминуваат низ железничките пруги на Македонија, загрозувајќи си го животот. Полицијата не им дозволува да патуваат со воз. Глетката на толпа луѓе на станиците во Гевгелија, Демир Капија, Велес и Куманово, е трогателна. Бегалците од воениот конфликт кои патуваат илјадници километри, чекорејќи по патиштата со деца во раце, изморени од голготата, згора на тоа, често се и напаѓани од криминални банди. Македонија не смее да дозволи нивната трагедија да продолжи на нејзина територија!
Тие велат дека нивните барања се јасни, Владата да изгласа нов закон за азил кој ќе им биде од корист на имигрантите, а МВР да преземе мерки за контрола на криминалните банди кои им продаваат на имигрантите – велосипеди по 150 евра, леб по 200 денари, а сендвичите и водата по 5 евра.
Затоа, барањата на ЦИВИЛ се јасни: Владата веднаш треба да свика седница за да изгласа нов законот за азил, во полза на имигрантите. МВР веднаш да преземе мерки за контрола на криминалните банди кои им продаваат на имигрантите – велосипеди по 150 евра, леб по 200 денари, а сендвичите и водата по 5 евра. Тоа е срам кој треба веднаш да се запре!