Се стравува од напади на ИСИС во Приштина и во Скопје
Според информации на косовската полиција, личности блиски до албанскиот лидер на ИСИС, Лавдрим Мухаџери, наредиле во Приштина и Скопје да се извршат терористички напади. Во Приштина веќе биле преземени зголемени безбедносни мерки, пренесуваат приштинските медиуми.
Според дел од македонските медиуми, безбедносните мерки се зголемени и во некои македонски касарни, јави Телма. Пред неколку дена џихадисти од регионот во Сирија преку видеоснимка повикаа на напади на Косово, во Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора. Освен Скопје и Приштина, планирани биле напади и по други градови од регионот.
ТВ Телма објави дека во касарната „Гоце Делчев“ во скопската општина Аеродром се вршеле проверки на возилата, легитимирање на возачите и било очигледно засиленото присуство на воената полиција.
Мерките се превземени заради најави за џихадистички движења или акции од ИД на териториите на Македонија, Црна Гора Косово и Србија-затоа сите земји од регионот според истиот извор го зголемиле нивото на борбената готовност.
Нивото на воената безбедност е зголемено и по нападите на Куманово, а не е прв пат да се проверуваат податоци за моќни акции на припадниците на ИД особено мрежите на оваа исламистичка организација во Австрија и Италија кои се дел од борбените формации на ИСИЛ во Сирија.
Безбедносните служби дететектирале над 800 борци во регионот и нивни поддржувачи . Македонија и земјите од регионот за таа цел бараа од ЕУ и НАТО превземање конкретни мерки заради појавата на таканаречениот Балкански калифат. Опасноста е дотолку поголема велат службите за бебедност заради можноста од влез на структури на ИД и со мигрантите кои поминуваат низ регионот, поради што МАкедонија брза да ја промени и надополни законската рамка за Законот за азил, што ќе овозможи легитимирање и евиденција на мигрантите.