Амбулантно возило кое превезувало дете со изгореници се судри со камион
Возачот на амбулантно возило и пацинетот – дете со изгореници кое заедно со родителите требало да биде транспортирано во штипската болница се повредените во сообраќајната незгода која се случи синоќа на патниот правец Штип – Радовиш во близина на рудникот Бучим.
Едно иполгодишното дете се полило со врела вода и со изгореници по лицето и телото требало да биде транспортирно во Штип, кога амбулантното возило се судрило со камион. Според очевидците, камионот удрил во амбулантното возило, по што, од силниот удар се превртел.
Таткото на детето успеал да скокне низ ветробранското стакло и ги извадил мајката и синот. Возачот на амбилантното возило останал приклештен во возилото, по што биле повикани пожарникарите да го извадат.
Со скршеници по телото, возачот е сместен на Ортопедија во штипската Болница, додека мајката и детото завршиле на Хирургија. Мајката при ударот успеала да го заштити детото и добила повреди на главата и телото.
Струмичката полиција го потврди настанот, а повеќе детали најавија во текот на денот.
Извор:Радио Канал 77