Зголемена фреквенцијата на граничниот премин Богородица
На граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција на возила, но без подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти во АМСМ.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, со напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Сообраќајот на сите државни патишта во сабота изутрина се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, а и нтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.