Мигрантите одбиваат да се вакцинираат
Мигрантите не сакаат да се вакцинираат во Македонија. Најголем дел од нив, кои доаѓаат за потврди на железничкиот граничен премин во Гевгелија, одбивале да ги примаат вакцините против детска парализа, мали сипаници, заушки и рубеола, односно полио и мрп вакцините, велат лекарите. Медицинската екипа задолжена за пружање прва помош на бегалците кои пристигаат од Грција, велат дека се бројат на прсти луѓето кои сакаат да се вакцинираат, јави Телма.
Дехидриратација и премореност, повреди на нозете од долгото пешачење, се најчестите проблеми на мигрантите, велат од амбулантата на железничката во Гевгелија.
Веќе неколку дена преминот кај Гевгелија е празен, гужвата е на меѓуграничниот појас. Таму, нема ниту лекарска помош, ниту доволно храна за луѓето. Заглавени меѓу Грција и Македонија, на отворено спијат цели пет дена. Мигрантите потенцираат дека бараат дозвола сам да ја поминат државата.
Од МВР велат дека се засилени контролите на граничниот премин со Грција, бидејќи на Македонија и се заканува бегалска криза. Вчера во меѓузоната имаше над илјада мигранти, а денс се останати стотина. Најголемиот дел од нив, најверојатно го продолжуваат да се обидуваат преку дивите премини да влезат во Македонија.