Велосипедист им подлегна на повредите по несреќата на „Тур де Галичица“
Објавено на 30 јуни, 2015 во 09:06
Деветнаесетгодишно момче починало во петокот на скопските клиники, по тешка повреда со која се здобило за време на минатонеделната велосипедска тура „Тур де Галичица“.
Според информациите во битолската полиција, несреќата се случила во близина на селото Лескоец, кога од се уште непознати причини, момчето удрило во дрво, по што паднало во безсознание.
Велосипедистот веднаш бил префрлен на скопските клиники, каде и починал.