Најавени отпушања и кратења на плати, новинари на протест
Најавените отпуштања и намалувања на 10% и 20% на платите ги изреволтираа и извадија на улиците новинарите на еден весник на протест, пренесува Фактор.
„Македонија вработува, се бориме за секое работно место“ е мотото на маичките кои вработените новинари ги носат на денешниот протест.
Пораката која новинарите ја испратија е неприфаќање и несогласување со било какво брќање од работа, додека надлежните веќе ги спремиле решенијата за отказ.
Се протестира пред трговскиот центар „Зебра“ каде се сместени медиумите од групацијата на МПМ чии весници Вест, Утрински весник и Дневник се најдоа на удар.
Од Вест чии новинари излегоа на протестите сметаат дека со овие најави се врши притисок врз менаџментот кој донел одлука да се намали буџетот на весникот, а за тоа да се спроведе ќе мора да има отпуштања на одреден број вработени, како и намалување на платите на оние што ќе останат.
На протестот засега не излегоа вработените на „Дневник“ и „Утрински“ .