Ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата
Објавено на 30 јуни, 2015 во 13:30
Од утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, јави Радио Слободна Европа.
Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. Скутерџиите доколку не ја почитуваат одлуката им се заканува казна од 800 евра.