МПЦ состави комисија за преговори со СПЦ
Синодот на МПЦ-ОА формираше комисија која ќе го продолжи дијалогот за статусот на таа црква со Српската православна црква.
Комисијата ќе ја предводи митрополитот Преспанско-пелагониски и администраторот на Австралиско-новозеланскиот Петар, а членовите се митрополитот Дебарско-кичевскиот Тимотеи и митрополитот Струмички Наум.
За секретар е избран епископот Хераклејски Климент.
СПЦ на заседанието на својот Свет архиерејски Сабор одржан од 14 до 29 мај одлучи да ги продолжи преговорите со МПЦ наведувајќи во соопштението на Саборот дека се исполнети условите за обнова на дијалогот, откако ариепископот на Православната охридска архиепископија Јован Вранишковски е пуштен од затвор на привремена слобода.
Комисијата на СПЦ ќе ја претставува Црногорско-приморскиот Амфилохије, епископот Бачки и Захумско-херцеговачки Иринеј и Григорије, како и епископот Стобијски од ПОА, Давид.
Извор:Фактор