Трагедија во Хиподром, мајка го фрлила синот од тераса па таа скокнала
Објавено на 16 ноември, 2015 во 10:01
Лекарите се борат за животот на 35-годишната мајка од скопската населба Хиподром која утрово прво го фрлила својот шестгодишен син од 4 кат од зградата во која живеат, а потоа и таа скокнала, јави Плусинфо.
Скопската полиција извести дека за среќа, жиците за алиштата кои биле поставени на терасите на подолните катови го спасиле детето од сигурна смрт.
Како што велат од полицијата, мајката и детето со две амбулантни возила се пренесени во Ургентниот центар. Засега не се познати причините за оваа несреќа.
Извор: Плусинфо.