Продолжуваат преговорите за реформи во медиумите
Денеска се враќаат преговорите на работните групи за реформи во медиумите. Политичките партии и белгискиот посредник, Питер Ван Хоуте ги интензивирале средбите во обид да се најде решение и да се постигне договор за ова чувствително прашање најдоцна до крајот на оваа недела, пишува Локално.
Преговарачките тимови и Ван Хоуте имаа можност да ги ислушаат позициите и ставовите на медиумската заедница, како и главната забелешка дека неможе партиите кои ги урнаа стандардите и ги земаа слободата на новинарската професија и медиуми, сега да даваат прелози за решенија На денешната средба работните групи се очекува да разговараат за предлог законот за медиумите, а паралелно со тоа ќе се разговара и за критиките за немање слободни медиуми кои беа спомнати и во извештајот на ЕК.
Ван Хоуте пред извесно време изјави дека приоритет за Европа е да се спречи насилството врз новинарите, слободниот пристап до информации, рекламирањето во медиумите, реформи во Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги и реформи во јавниот сервис на МРТВ.