Временска прогноза
Објавено на 17 ноември, 2015 во 06:50
До крајот на работната недела ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини и речни долини со слаба утринска магла.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен југозападен ветер и со повремени врнежи од дожд.
Времето денеска сончево, со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла.