Покренато обвинение против Заев за примање поткуп
Објавено на 18 ноември, 2015 во 15:40
Основниот суд Скопје 1 денеска го потврди обвинението за организиран криминал и корупција против лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кривичното дело „Примање поткуп“.
Советот за оценка при судот воедно ги одбил приговорите на одбраната како неосновани. Заев, според Обвинителството, во својство на градоначалник на Општина Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп за приватизирање на државно градежно земјиште.
Една половина од партите, според обвинението требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.