ЦУК: Безбедноста во Македонијасо бегалската криза не е загарантирана
Поставувањето на ограда е легитимно право на секоја држава за да ја зачува својата безбедност поради бегалската криза иако не секогаш е хумано велат од ЦУК. Повикувајќи се на актуелните случувања но и на најавите на земјите од регионот и ЕУ за издигнување на огради – Директорката на главниот штаб на републичкиот центар за управување со кризи Сузана Салиу вели дека секоја држава има право да донесе таква одлука доколку тоа е потребно и од значење за нејзината безбедност, јави 24 Вести.
По случувањата во Франција Американскиот амбасадор во земјата Џес Бејли вели дека нападот врз Париз е напад врз безбедноста и во светски рамки за што е неопходна соработка и кординација меѓу земјите. Вели САД и натаму ќе соработува со Македонија за справување со проблематиката.
И од АРМ вчера исто така не ја негираа можноста за издигнување на ограда на границата со Грција доколку за тоа даде наредба управувачкиот комитет. Бројот на бегалци кои ја поминуваат македонската граница дневно достигнува и до 7 8 илјади. Токму тоа е и една од причините поради која македонското МВР се уште не излегло со информација дали еден од терористите кој учествувал во нападот врз Париз транзитирал низ земјата. Нивното објаснување беше дека поради големиот број на лица кои се јавуваат со исти или слични генералии не можат да излезат се уште со таква официјална информација .
Извор: 24 Вести