За секоја политичка бомба по еден предмет кај Јанева
Случаите „опрема од Израел“, „земјиште на Водно“ и „незаконско прислушување“ се предмети кои биле формирани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а за кои статистиките сега се предадени во специјалното обвинителство. Кај Јанева на маса ќе завршат и предметите за рушењето на „Космос“, апсењето на Љубе Бошкоски како и предмети за изборни манипулации-пишува Призма.
Точно пред истекот на рокот, кој завршуваше денеска, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски ги достави податоците што од него ги бараше специјалната обвинителка Катица Јанева – статистичките податоци за бројот на оформени предмети во јавните обвинителства кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, како и сето она што досега го презеле институциите.