Времето денеска
Објавено на 23 ноември, 2015 во 07:45
Во текот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе условат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Облачно и свежо со поинтензивни врнежи од дожд се очекува во среда и петок, особено во западните и јужните делови. Дневната температура секојдневно ќе опаѓа за 2 до 3 степени.
Променливо облачно со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои во вечерните часови ќе се прошират на повеќе места.
На повисоките планини ќе повремен снег.
Температура до 17 степени.