Судењето за „Диво насеље“ е отворено за јавност
Објавено на 30 септември, 2016 во 08:14
Откако заврши распитот на заштитените сведоци во судењето за „Диво насеље“, од денеска судењето кое ќе продолжи во големата сала на Врховниот суд со доказна постапка, е отворено за јавноста.
Сите обвинети на претходните рочишта се изјаснија за невини и дека судирот бил монтиран од високи функционери од Управата за безбедност и контраразузнавање.