Најзагаден воздухот утрово во општините Центар од скопските и во Битола и во Кавадарци
Објавено на 26 декември, 2016 во 08:26
Во скопскиот регион најзагадено утрово е во Центар со измерени 226,36 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, кај Ректорат 223,88, Гази Баба 220,27, Лисиче 211,61, Карпош 91,42 и Миладиновци 74,38.
Во Битола се измерени 143,17, Кавадарци 141,45, Тетово 125,04, Кичево 121,55, Куманово 84,20, Кочани 61, Велес 59,26 микрограми на метар кубен.