За седум дена 4000 граѓани заболени од грип
Комисијата за заразни болести во рамки на редовните состаноци кои ги одржува, во однос на актуелната состојба со грипот, констатираше дека бројот на заболени од грип е зголемен во однос на истиот период минатата година, и само во минатата недела се пријавени над 4.000 заболени од грип.
Имајќи предвид дека во претстојниот период се очекува постојано зголемување на бројот на заболени, Комисијата за заразни болести ги донесе следните препораки:
„Ограничување на посетите на хоспитализираните пациенти во болниците, со цел спречување на интрахоспитални инфекции. Одбегнување на престој во поголеми собири каде што има присуство на поголем број луѓе, како и одбегнување на контакт со заболено лице. Според информациите на Комисијата, во училиштата и градинките не е забележано поголемо отсуство на заболени деца, а имајќи предвид дека се наближува училишниот распуст, можноста за пренос на грипот меѓу учениците во училиштата се намалува“ се вели во соопштението.