Отфрлена уште една иницијатива за екстерно тестирање
Уставниот суд ја отфрли иницијативата со која се оспоруваа неколку одредби од законот за средно кои се однесуваат на екстерното тестирање. Одлуката се должи на фактот дека овие одредби се веќе неважечки, односно не постојат во правниот поредок, пишува Плусинфо.
Иницијативата е поднесена од страна на група професори од битолско средно училиште и во 2013 година, а оттогаш законот претрпел неколку измени. Професорите го оспоруваат начинот на организирање на екстерното, работата на училишната комисија, проверката на тестовите. Во таа насока се и дел од нивните ставови.
Тестовите за екстерно оценување се неуставни бидејќи ги составува Државниот испитен центар наместо наставниците кои единствено изведуваат наставата.
Уставниот суд дополнително ќе утврди термин кога ќе разгледува уште една иницијатива за екстерното тестирање. Таа беше поднесена во септември минатата година од страна на Наставничкиот пленум, а на неа имаше потписи од над 1.000 наставници. Тие регираа поради нелогичностите кои се појавуваат при спроведувањето на екстерното, како на пример впишување на единица од тестот во сведителството, казните и несоодветниот третман кон кадарот при оценувањето.
Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница укина одредби од Законот за административни службеници, кои се однесуваат на проверката на веродостојност на докази и интервју, како и одлуката на Владата за утврдување на додатокот на плата на административниот службеник.
Укинати се ставовите 4 и 5 на членот 42 од Законот, со кои се предвидува дека доколку надлежните органи утврдат вина на кандидатот за доставување на лажни докази, се должни во рок од 30 дена да ја известат Агенцијата за администрација, при што кандидатот се евидентира во Агенцијата и не може да се вработи како административен службеник во период од 10 години од денот на неговото евидентирање во Агенцијата.
Со ставот 5 од овој член се пропишува дека доколку надлежните органи не утврдат вина на кандидатот за доставување на лажни докази, се должни во рок од 30 дена да ја известат Агенцијата за администрација, при што кандидатот се брише од евиденцијата на Агенцијата и има право да се пријави на следните јавни огласи.
Судот го укина и ставот 3 на членот 91 од Законот, кој вели дека доколку Владата оцени дека додатокот на плата го постигне саканиот ефект на вработливост и задржливост, ќе донесе одлука со која ќе го утврди износот на додатокот и датумот од кој истиот ќе влезе во сила.
Извор: Плусинфо