Груевски мандатар за состав на Влада
Објавено на 9 јануари, 2017 во 12:23
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е мандатар за состав на новата влада, откако попладнево претседателот Ѓорге Иванов му го врачи мандатот во вилата Водно. Иванов го искористи последниот рок според Уставот. Груевски има 20 дена да му поднесе на Собранието програма и предлог состав на новата влада. А новата влада треба да се избере со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието.
Деветтиот македонски парламентарен состав, кој има 120 народни избраници, се конституираше на 30 декември минатата година. Најмногу пратеници има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51. Коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2.