Прибе: И по две години од работата на СЈО сеуште нема осуден
Поминаа скоро 2 години откако СЈО започна со работа и нема ниедна ефективна судска пресуда, што создавa перцепција за неказнивост“, стои во извештајот за Македонија, што го напиша Рајнхард Прибе. Во вториот извештај на 29 страници, пишува дека од суштинско значење е да се утврди кривична одговорност на сите сторители, без оглед на политичката припадност.
„Минимален напредок е постигнат со масовниот скандал со прислушувањето и енормното кршење на човековите права и слободи, поврзан со отпочнувањето на истраги за оние кои грешеле и го кршеле законот. Но, неопходно е овие постапки да се одвиваат што позабрзано и како приоритетни“, пишува во извештајот на Прибе.
Тој посочува дека истрагите на СЈО мора да продолжат и по истекот на рокот за поднесување обвиненија. „Потребни се законски промени, посебно во делот на членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство за продолжување на истрагите“.
„Сè уште јавностa има чувство дека институциите им служат на партиите и функционерите, а не на граѓаните и државата. Минимален прогрес е направен во врска со масовниот скандал со прислушувањето и енормното кршење на човековите права и слободи, поврзан со отпочнувањето на истраги за оние кои грешеле и го кршеле законот. Но, неопходно е овие постапки да се одвиваат што позабрзано и како приоритетни. ,Превенирањето и сузбивањето на корупцијата и непотизмот во ситенивоа од власта, мора да бидат врвен приоритет. Грешките од минатото не треба да се повторуваат и една форма нa киднапирана држава не смее да се замени со друга. Некои активности кои треба да се спроведат во многу блиска иднина неизбежно ќе бидат тест-случаи во овој поглед“, пишува во дел од извештајот.