(ОБНОВЕНО) Трајковски бил на лекарски преглед за синусите во Унгарија
Објавено на 17 декември, 2018 во 11:30
Обвинетиот Александар Трајковски, кој во Будимпешта беше фотографиран со екс премиерот Никола Груевски, на паузата од рочиштето за „Насилството во Центар“, изјави дека бил во Унгарија на специјалистички преглед за синусите и дишните патишта.
Тој откако претходно ги игнорираше новинарите пред судот и одби да одговори на нивните прашања додека влегуваше во зградата на паузата се предомисли и им приложи докази за лекување во „Дуна медикал“, документација и сметки за платениот преглед, но одби да коментира за средбата со Груевски.
– Да бев еден чекор назад, немаше да се знае дека сум во Унгарија – изјави Трајковски.
На денешното рочиште тој ја носеше и медицинската документација за да го затворел боледувањето, кое го користи од 5-ти декември.