Облачно, посвежо, пороен дожд, некаде град
Објавено на 5 август, 2020 во 07:35
5.8.2020
Претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 л/м2) и изолирана појава на град.
Mаксималната температура до +31. УВ=6.
Под влијание на циклонска активност, и во следните денови ќе продолжи променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.