Обилни врнежи и денеска: Опасност од излевање на реките, од среда минусни температури
11.01.2021
Обилни врнежи од дожд ќе има и денеска на територијата на целата земја, но многу поинитензивни истите ќе бидат во северозападниот дел на Македонија.
Иако, сеуште нема поголеми излевања на реките, постои опасност зголемување на водостојот на поголемите реки. Од УХМР велат дека и денеска ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, дури проследени и грмежи.
Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец.
– Поради продор на постудена воздушна маса од север, од вторник се очекува ново заладување со локални врнежи од дожд и снег, кои поради натамошно опаѓање на температурите, во среда и петок ќе бидат претежно од снег, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат претпазливи особено при движење покрај поголемите реки поради можност од нивно локално излевање.
Мите Јаначков