Денес времето променливо облачно со локални врнежи од дожд, од утре поларен бран проследен со снег и ниски температури
12.01.2021
Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со услови за локални и послаби врнежи од дожд, додека на планините ќе има слаби врнежи од снег. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Макисмалните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, информираат од УХМР.
Од утре доцна попладне и навечер нашата територија ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса која се спушта од Арктикот. Истата ќе услови значително намалување на температурите на воздухот и повремени локални врнежи претежно од снег. Утре и во четврток услови за формирање на снежна покривка ќе има и на некои пониски места.
Особено студено ќе биде од петок, па за време на викендот кога на повеќе места температурите ќе се задржат под нулата, додека наутро на места истите има услови да се спуштат дури и под -15 степени.
Мите Јаначков