Од денеска лекот „Ивермектин“ достапен во сите аптеки
12.02.2021
Веќе од денеска во аптеките ќе биде достапен лекот Ивермектин кој помага во лекување на корона вирусот.
„ Лекот Ивермектин од денеска е достапен за граѓаните во аптеките. Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mgx10 во пакување, на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари. Лекот може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен.“ – истакна на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.
Се намалува бројот на заболени пациенти од Ковид-19 во земјава. Надлежните се надеваат дека овој тренд на опаѓање ќе продолжи, а за крајот на јануари ги очекуваат и првите дози на вакцини.
-Студиите покажаа дека Ивермектинот се дава на три групи граѓани и тоа, кај ризичните групи на работници, кои имаат висок ризик да заболат, потоа на луѓе, кои биле во контакт со заболен и на заболени пациенти. И кај трите групи има различни индикации, различно дозирање и затоа е потребно давањето на лекот да биде под контрола на лекар, изјави министерот за здравство, Венко Филипче минатата недела.
И вакцините се очекува наскоро да пристигнат. Властите се оптимисти и веруваат дека првите дози на вакцини преку Ковакс механизмот ќе може да ги имаме кон крајот на јануари или почетокот на февруари. Сепак, освен најава дека е можно да стигне одредена количина на крајот на јануари или почетокот на февруари, нема најава за точна количина.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 104 случаи на Ковид-19 во земјава. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава е 86 597.