УХМР: Облачно време со силен северозападен ветер со брзина над 65км/час
17.03.2021
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а на истокот значително облачно. Претежно на планините и на североистокот ќе има провејување на слаб снег, преку денот и на југозападот понекаде ќе има појава на слаб дожд.
Денес ќе дува засилен, во должина на Повардарието и на истокот, силен северозападен ветер, локално со брзина и над 65 км/час.
Во текот на утрешниот ден времето ќе биде умерено, попладне повремено значително облачно. Претежно на планините ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време. Утринските температури до петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекува од сабота.
Стефани Манева