Бројот на новозаболени расте, коронавирусот најактивен во три града

Објавено на 17 март, 2021 во 09:17

zwomcyf6s81f4auzr6ev

17.03.2021

Изминатава недела според податоците на Институтот за јавно здравје забележан е пораст на бројот на новозаразени како и на починати лица.
Според место на постојано живеење или повремен престој, најголем дел регистрирани со ковид 19 се во Скопје, Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Штип, Велес, Битола и Охрид додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Крушево, Охрид и Струга.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 8.997,5 на 100.000 жители, Неготино (8.240,5/100.000) и Скопје (8.083,1/100.000), а најниска инциденца со 2.322,1 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод.

Се забележува зголемување на бројот на заболени во сите извештајни единици освен во Дебар, Делчево, Виница и Кратово каде има намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 26.952 (23,9%) со инциденца од 7.031,8/100.000, а највисока специфична инциденца од 7.359,4/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (20.463 заболени). Најниска инциденца од 984,8 и 1.973,5 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.254 и 4.938 случаи соодветно.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.