Др. Кунгуловски: Со вакцинирање на 150 000 луѓе во Македонија, инциденцата на смртност ќе се намали за 50%
Објавено на 23 март, 2021 во 10:17
23.03.2021
Доктор Горан Кунгуловски, преку својот Фејсбук статус објаснува дека доколку се вакцинираат 100 000 – 150 000 луѓе со вакцините против ковид 19, инциденцата на смртност и хоспитализации ќе се намали драматично за 50 отсто.
-Со вакцинирање на 100 000 – 150 000 луѓе од највисоките возрасни групи во Македонија, инциденцата на смртност и хоспитализации ќе се намали драматично (пр. 50%).Значи 100 000 – 150 000 вакцини и нивната правилна дистрибуција се првиот чекор во борбата.Кај нас борбата воопшто не е започната.Голем дел од смртните случаи од изминативе 1-2-3 месеци можеа да бидат избегнати, пишува Кунгуловски.