Кој кого тепаше вчера во холот на Градежен факултет?
Гајур Кадриу актуелниот директор на Македонија пат вчера доби ќотек од поранешниот директор на Фондот за патишта од Владата на Љубчо Ѓеоргиевски и ДПА Вулнет Палоши, јави 24 Вести.
Според МВР и пријавата на Кадриу тој бил физички нападнат во холот на Градежниот факултет од екс директорот Палоши и неговиот 22 годишен син.
Инцидентот се случил пред очите на претставниците на градежните компании кои учествувале на церемонијата за 45- годишнината од основањето на Друштвото за патишта на која присуствуваше и премиерот со неколку министри.
Наспроти тврдењето на Гајур Кадриу, екс-директорот Вулнет Палоши за 24 вести вели дека тој не нападнал туку него организирано го нападнале токму пред да влезе во амфитеатарот на факултетот. Дали тој нападнал според него можеле да посведочат и камерите.
Зошто настанала препирката Палоши не открива, вели немало расправија туку само бил нападнат. Иако Палоши инцидентот го пријавил во полиција како и Кадриу тој и син му како што најавија денеска од министерството за внатрешни работи по расчистување на инцидентот ќе добијат соодветна пријава.
Актуелниот директот Кадриу пак поради повредите бил пренесен во Градската болница каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Се степале татко и син, а со скршен колк во болница, завршил соседот
Тепачка помеѓу татко и двајца синови ги вознемири жителите на Којник. Меѓусебна нетрпеливост помегу таткото и синовите била причината за семејната тепачка.
Најпрво почнале да се удираат со тупаници по телото и главата, но потоа во тепачката заиграла и дрвена палка. Во целата таа гужва најдебелиот крај го извлекол седумдесет и шест годишниот сосед, кој стоел настрана и ја гледал тепачката. Едниот од синовите замавнал со неа и го погодил старецот кој завршил во болница со скршен колк.
Инцидентот кој се случил пред една недела во поладневните часови веднаш бил пријавен во полиција, но кога полициските службеници интервенирале и го приведувале едниот син тој ги навредувал и омаловажувал. Сега тој ќе одговара за две кривични дела, тешка телесна повреда и загрозување со опасно орудие при тепачка, а против него поднесена е и прекршочна постапка за омаловажување на службено лице. Учесниците во тепачката ќе одговараат и за нарушување на јавниот ред и мир. Освен во овој случај полицијата изминатата недела регистрирала уште четири нарушувања на јавниот ред и мир, една тешка кражба во која биле украдени пари и документи и една измама.
Иминатата недела полицијата извршила контрола и во угостителските објекти, не регистрирала ниту едно кривично дело или прекршок. Во билтенот на СВР Велес регистрирани се и пет сообраќајни несреќи од кои една во населено и четири надвор од населено место. Во несреќите нема повредени лица.
За време на викендот евидентирани се едно кривично дело тешка кражба, две нарушувања на јавниот ред и мир и една сообраќајна несреќа./Б.Н
Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.