Можно е укинување на мерката за носење заштитни маски на отворено

Објавено на 26 мај, 2021 во 10:03

Епидемиолошката состојба во земјава се подобрува, бројот на новозаразени граѓани и хоспитализирани се намалува. Комисијата за заразни болести, според најавите треба да одржи состанок следната недела и да донесе одлука дали ќе има олабавување на мерки.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера најавил дека е можно да биде укината мерката за носење заштитни маски на отворен простор.

„Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1- ви јуни“, вели Филипче во изјава за ТВ 21.

Во моментов на сила е полицискиот час кој започнува од полноќ до 4 часот наутро, угостителските објекти смеат да работат до 23:30 часот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.