Над 7.000 граѓани ја изгубија битката со корона од почетокот на пандемијата
Објавено на 22 октомври, 2021 во 09:40
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/10/brza-pomos-kaj-infektivna-43-5-1024x574.jpg)
Здравствените власти вчера пријавија 14 смртни случаи од последиците од коронавирусот, со што бројот на смртни случаи од инфекцијата достигна повеќе од 7.000 од почетокот на епидемијата.
Во соопштението на Министерството за здравство се прецизира дека во последните 24 часа починале 11 пациенти со Ковид, а во периодот од 13 до 19 октомври уште тројца.
Се наведува дека се регистрирани 490 нови случаи на Ковид-19, кои се потврдени со 3.073 тестови.
Во земјата од корона починаа 7.012 лица. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 198.646 заразени, а активни се 5.974 случаи.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека оздравеле уште 201 пациент, со што вкупниот број на излекувани се искачи на 185.660.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)