Нема гужва на граничните премини, следете ја состојбата со еден клик преку Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/09/Screenshot-2023-09-15-091932.png)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Состојбата на граничните премини следете ја и преку веб страницата Дума.мк, каде имате банер кој ви ја прикажува во моментот. Кликнете и во категоријата Патна мрежа, изберете подкатекорија видео камери.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)