Нестабилно време до сабота, од недела сончево и потопло

Објавено на 29 август, 2024 во 12:14

До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд, ветер и град, соопшти УХМР.

Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Најсвежо преку денот ќе биде утре и во сабота, а потоа температурите постепено ќе се покачуваат.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.