Сончево и топло, утре нестабилно со локален пороен дожд
Објавено на 24 август, 2021 во 09:25
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ идексот ќе изнесува 8.
Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7.
Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.