Сончево време со слаб ветер
Објавено на 31 август, 2021 во 09:21
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер претежно од западен правец и УВ индексот ќе изнесува 7.
До петок ќе се задржи стабилно време, освен утре околу пладне кога претежно во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Утре и во четврток особено вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата.