Сончево време со умерен северен ветер
Објавено на 18 јули, 2022 во 09:15
Времето денеска претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе е поинтензивен на североистокот. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени и УВ индексот ќе изнесува 8.
Следува период на стабилно време. Дневната температура до утре ќе биде во благо опаѓање, а потоа ќе бележи позначителен пораст.