Сончево време со умерена локална облачност
Објавено на 23 август, 2021 во 09:31
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.
И утре времето ќе се задржи стабилно со благ пораст на дневната температура. Во среда попладне и во четврток повторно се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.