Новинарството најлоша професија !
Објавено на 24 април, 2013 во 21:15
Според рангирањето на 200 професии од најсакани до најнепожелни, што го изврши компанијата „Career Cast“, а ценејќи неколку фактори, меѓу кои и зарабоувачката, опкружувањето и стресот, новинарството како професија е лошо платено и стресно.
Сето тоа е причина работата на новинарите да биде прогласена за најлоша во 2013 година. Ваквиот заклучок произлегува од анализирањето на податоците од Заводите за статистика, Заводите за вработување и службите за заштита при работа.
Ваквата табела со најлоши и непожелни професии се правела веќе 25 години, а новинарството со текот на годините опаѓа.
Новинарите речиси и немаат работно време. И кога се слободни секогаш мора да бидат на располагање и подготвени да известуваат.