Во авганистански град расте бројот на киднапирања со барање за откуп!
Херат, Авганистан – Исчезнувањето на деветгодишниот Али Сена Наурузи беше вознемирувачки предвидливо и покрај тоа што градот, речиси недопрен од Талибанците, честопати беше земан за пример за тоа како би изгледал мирот во Авганистан.
Како и при другите десетици киднапирања помеѓу средната класа во Херат, жителите претпоставуваа дека тој ќе биде ослободен откако неговото семејство ќе плати десетици илјади долари за откуп. Наместо тоа третооделенецот со розеви обравчиња овде стана славен откако му го открија телото, закопано набрзина, на периферијата од градот.
Насилството што избувна по нападот на сунитскиот камп во Ирак трае веќе два дена. 21 лице загина во судир, во кинескиот регион Ксинџанг.
Во овој модерен град, далеку од воените полиња, растечката епидемија на грабнувања го покрена загрижувачкото прашање за иднината на Авганистан: Што ако прекинот на востанието создаде простор за нова генерација криминални мрежи?
Минатата година околу 500 лица беа уапсени во Херат и обвинети за киднапирање. За споредба, пред пет години, според авганистанските власти ги имало само десетина. Сторителите бараа откуп во милиони и цел им беа семејствата на индустријалци, политичари и банкари кои вообичаено молчеа за случаите и честопати ја напуштаа земјата по нивното решавање.
Другите релативно мирни делови од земјата, вклучувајќи ги Кабул и Џалалабад се соочија со налет на киднапирања. Слабата полиција не можеше да се справи што предизвика загриженост кај властите на САД и Авганистан околу заканата за стабилноста со овој подмолен бунт чии цели не се идеолошки, туку финансиски.
Трендот е особено алармантен во Херат, третиот град по големина во Авганистан, каде е релативно мирно додека во другите делови на земјата веќе една деценија беснее војна. Прекуграничната трговија со Иран и Туркменистан и напредната мермерна индустрија , како и оддалеченоста од бунтовите во јужните и источните упоришта го овозможија напредокот на Херат по падот на Талибанците во 2001.
Неговата економија ги надмина сите авганистански градови со годишен раст од 20 проценти.
Полициските истраги дадоа мал увид во карактерот на мрежите за киднапирања што го пустошат Херат. Има поделени мислења околу тоа дали се работи за широко распространети и добро поврзани организации или пак, за операции од помал обем.
Одделни претставници на авганистанските власти сметаат дека дел од откупот завршува во рацете на Талибанците, оддалечени стотици километри. Други велат дека се вмешани луѓе од власта.
„Овие злосторства што ја поткопуваат легитимноста на владата можат да доведат и до нејзино соборување“, изјави Абдул Разик Нејраби, шеф на Националниот суд за безбедност во Херат што работи на случаите со киднапирање./Н.Р
Извор: Washington post