Грција по старо и за јунскиот самит!
Во пресрет на јунскиот самит не стигнуваат оптимистички пораки од Атина. Доколку немало промени во актуелната ситуација, тогаш Грција нема да ги променела нејизните позиции околу Македонија.
„За да има продуктивни преговори, потребено е минимум разбирање, соработка, работите кои не постојат. Во спротивен случај, резултатот би бил увезување на проблемите од регионот во рамките на ЕУ. Сакаме да започнеме преговорите и сакаме оваа земја да го најде своето место во европското семејство. Но, веруваме дека отворањето пристапните преговори под сегашните околности би било целосно контрапродуктивно,“ рекол Куркулас за AGENCE EUROPE.
“Имаме впечаток дека ФИРОМ , во последните години, не се однесува на начин, на кој, според нашето мислење, треба да се однесува еден иден член. Не можеме да прифатиме да започнеме преговори со влада со такво однесување,“ нагласува Куркулас.