(ВИДЕО) Ниеден од повредените македонски туристи не е во животна опасност!
Ниту еден од 28 те патниците што биле во автобусот кој излета од патот кај градот Ѓер на 50 километри оддалеченост од Будимпешта не се во животно загрозувачка состојба, информирал претставник на агенцијата “Тото“, јави Плусинфо.
Повредените патници се пренесени во Татабања и во Ѓер. Според првичните информации што Плусинфо ги доби од МНР, а кои се доставени од туристичката агенција, во Татабања се 10 патници и 2 туристички водичи а во Ѓер 15 патници и 1 возач.
Министерството за надворешни работи веднаш исконтактирало со нашата амбасада во Унгарија и очекува повратни информации од претставниците на амбасадата што треба да ги посетат повредените – рекол портпаролот на МНР Васко Андоновски./ А.Д
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=u6DXm8HjmL4{/youtube}