Шокантно видео: Дете киднапирано од прегратките на мајката!
Шокантно видео на CCTV го покажува моментот на киднапирање на бебе од прегратките на неговата мајка додека таа спие на железничка станица во Индија. Двомесечниот Салман Шаик е киднапиран на преполната железничка станица Дадар во Мумбаи. И покрај тоа што ужасниот момент е снимен со камерите на CCTV, индиската полиција не може да ги пронајде ниту киднаперот ниту бебето.
Парвин коај работи како градежен работник им кажала на полицајците дека претходниот ден се скарала со сопругот и го напуштила. Немала каде да оди и со нејзините деца ноќта ја преспале на железничката станица. Снимката на CCTV покажува маж во бела кошула и црни панталони како кружи околу семејството пред да седне до нив. По само неколку минути го грабнува Салман и се оддалечува. Равиндер Далви, инспектор во полицијата на Мумбаи изјави: „Досега не успеавме да ги најдеме бебето и киднаперот. Сеуште работиме на случајот, но се чини дека го напуштиле градот. Се надеваме дека ќе го најдеме бебето и ќе го вратиме на семејството.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=pGJ0OTjPwf0{/youtube}Железничката станица Дадар е една од најпосетените во Мумбаи и има зајакнато обезбедување по терористичките напади во 2008. Во Индија секоја година исчезнуваат речиси 90.000 деца. Многу од нив се киднапирани од криминални банди и се продавани како сексуални робови или за борби. Активистите велат дека неефективната полиција и бесполезните закони се причина за големиот број исчезнати деца во Индија. Буан Рибу, активист за правата на децата вели: „Секое исчезнато дете во Индија, всушност е киднапирано. Некој, некаде ги држи противзаконски.
Полицијата не прави ништо за да ги најде овие кутри, невини деца.“ Минатата недела двајца членови на банда киднапираа петгодишно девојче, познато на медиумите во Гидија. Го силуваа и го оставија да умре во Њу Делхи. Полицијата одби да го истражи случајот принудувајќи го семејството сами да ја бараат.Соседите кои слушнале плач во истата зграда каде што живее семејството ја пронашле два дена подоцна. Девојчето преживеа и се наоѓа во болница во Њу Делхи./Н.Р
Извор: Daily Mail