Од Црна Гора тргна штафета на братство и единство!
Штафетата тргна од Беране и ќе ги обиколи Црна Гора, Македонија и Србија за да стигне во Куќата на цвеќето во Белград, вечното почивалиште на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито.
За да ја испратат штафетата денеска се собраа стотици граѓани на Беране, во Црна Гора.
Со симболи на поранешна СФРЈ, кореографија на фолклорен ансамбл облечен во носии на народитеНосеа знамиња на поранешната држава, се пееја песни и играа танци од просторите на поранешна Југославија.
За штафетата тие рекоа дека е симболот на заедништвото на југословенските простори.
–Нашето заедништво нема алтернатива и може да се реализира само доколку ги следиме идеите на Тито, и бидеме во состојба да ги разбереме – е пораката на сите народи и народности која во име на Лигата на антифашистите на југоисточна Европа ја прочита Анѓела Поповиќ, првиот носител на штафетата „Братство и единство“.
Организаторите соопштија дека во исто време штафети тргнаа и од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина кон Кумровец, родното место на Јосип Броз Тито./Б.Н.Т