Исчезна летало со пилот над Јадранско море!
Објавено на 28 април, 2013 во 09:03
Над Јадранското море се изгубила трагата на лесно летало што го управувал 66-годишен Британец.
Авион од типот „тобаго“ кој има само еден пилот полетал во петокот од француското пристаниште Кан кон градот Салерно на југот на Италија.
Последните радарски сигнали покажувале дека авионот се наоѓа на околу 50 километри јужно од Кан. И покрај напорите на спасувачките служби, ни пилотот ни авионот не се пронајдени, соопштиле француските и италијанските поморски власти.
Пребарувањето на областа со авион било прекинато вчера околу 14 часот, додека во потрагата и понатаму учествуваат бродови на спасувачките служби. Француското обвинителство отворило истрага околу случајот.